Наш ИзборНаш изборОхрид

Стружанките Трифуноска и Балоска се нови ракометарки на Вардар

Нашиот клуб продолжува да го засилува ростерот за новата натпреварувачка сезона. Нови имиња во Вардар се Ивана Трифуноска и Елена Балоска кои доаѓаат од екипата на Стружанка.

Трифуноска игра на позицијата десен бек, додека Балоска е среден бек. Елена Балоска беше прогласена за најдобар стрелец и најкорисен играч на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција за изминатата сезона. Со двете ракометарки е потпишан договор на две години.

Исто така, е потпишан договор со Мила Ристовска на две години, играч кој минатата сезона беше дел од нашиот клуб. Продолжуваме да мислиме на иднината на клубот, со ангажманот на млади талентирани ракометарки од нашата земја.

 

whcvardar.mk