АктуелноОхрид

Кривична пријава за маж од Велешта за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишен маж од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, истите ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина.

извор: СВР Охрид