АктуелноОхрид

Саниран дефектот од населбата „Гоце Делчев“ но поради компликации неколку домаќинства имаат намален притисок

Се известуваат корисниците од населбата Гоце Делчев , дека дефектот на водоводната мрежа настанат на ден 08.07.2024 година е саниран, но поради компликации настанати по санацијата неколку домаќинства сеуште имаат намален притисок во водоснабдувањето .
Бидејќи водоводната линија е поставена на непристапен карпест терен , по извршената санација кај дел од објектите дошло до запушување на водомерните броила.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, и поединечно се вршат проверки и чистење на ситата од водомерните броила .