АктуелноОхрид

Пожар во патничко моторно возило БМВ со тетовски ознаки на плоштадот „Св. Климент Охридски„

На 08.07.2024 година во 13.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, додека се движело на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, управувано од лице на (31) година  од Тетово.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.