петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Заврши фестивалот “Денови на балканската култура”

Синоќа на летната сцена “Долни Сарај” во Охрид, се одржа седмото по ред издание на фолклорниот фестивал “Денови на Балканската култура”.
Овој фестивал се одржа во рамки на проектот „Препознавање на заедничките особини на нематеријалното културно наследство на Балканот“. На сцената се претставија повеќе културно-уметнички друштва од регионот, КУД “Илинден”- Битола, КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, КУД „Пирамида“ – Охрид, КУД „Рацин“ – Кичево, КУД „Денс плус“ – Елбасан, КУД „Валет е лиќент“ – Корча, Северњашки ансамбл „Иван Валев“ – Плевен и КУД „Нова генерација“ – Ќустендил.

Проектот „Препознавање на заедничките особини на нематеријалното културно наследство на Балканот“, има за цел низ повеќе работилници, концертни изведби, симпозиуми и фестивали да прикаже различни сегменти од нематеријалното културно наследство на Балканот, нивните сличности и различности за сите заинтересирани.
Учесниците ги поздрави Амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија г-дин Ангел Ангелов, а од името на Општина Охрид се обрати г-ѓа Ана Крстеска, заменик градоначалник на Општина Охрид.

Проектот е поддржан од амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, а е во организација на здружението “Арт Вивенди” од Охрид.