На 06/07.07.2024 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале 08 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-03, Кичево-01.). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.