петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Запросување над црквата Св.Јован Канео во Охрид, Стефан ја запорси Марија на романтичното зајдисонце

„Имавме испланирано да го дочекаме прекрасното зајдисонце кај црквата „Св. Јован Канео“ и токму тогаш се случи запросувањето“ – раскажува накратко Стефан, кој ја запроси својата свршеница на местото кое е омилено за фотографии на инстаграмџиите и туристите.

Како треба да изгледа запросувањето од соништата? Секој има различна дефиниција за тоа, а Стефан Атанасовски (28) одлучил на својата свршеница Марија Георгиевска (25) да ѝ приреди изненадување додека биле на одмор во Охрид.

Во изјава за CRNOBELO.com Стефан открива дека тој и Марија ја започнале нивната врска уште во средношколските денови, а со текот на годините сфатиле дека се создадени еден за друг.

„Сè започна кога ги планиравме активностите за нашето патување во Охрид.

Имавме испланирано да го дочекаме прекрасното зајдисонце кај црквата „Св. Јован Канео“ и токму тогаш се случи запросувањето.

Подготовките за самиот чин се одвиваа околу еден месец. Барање идеи, фотограф, совршена локација, декорација беа само дел од активностите со кои се соочив.

Дека нашиот живот ќе го поминеме заедно одлучивме кога сфативме дека двајцата имаме исти размислувања и ист поглед кон животот“ – откри Стефан.

Тој вели дека изборот на свршеничкиот прстен му бил голем предизвик, а најмногу бил загрижен дали ќе успее да ја најде соодветната големина.

„Големината на прстенот ја открив на интересен начин, пробувајќи го нејзиниот прстен на мојата рака“ – ни открива Стефан.

„Во нашите сеќавања ќе останат огромен број на моменти кои ја трасираа нашата патека на заедничкиот живот.

Но, моментот кој засекогаш ќе го паметиме двајцата е самиот чин на запросувањето, бидејќи чувството е неверојатно и незаборавно“ – вели Стефан.

 

 

crnobelo.com