На 01.07.2024 во 19.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од лице на (22) години од Струга и патничко возило „бмв“, управувано од лице на (34) години од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ауди“, (49) годишен од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „бмв“, на (28) години од Струга, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид