Наш изборНаш ИзборОхрид

Одлично издание на “ОХРИД ОПЕН 2024”- Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди

Викендов  22 јуни 2024 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и  Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираа меѓународниот    Таеквон-до ИТФ натпревар  “ ОХРИД ОПЕН 2024”  на кој зедоја учество над 300 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји од регинот , од Романија, Молдавија, Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија ,Грција, Албанија и Македонија.

„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот, каде што Бугарската ИТФ федерација учествуваше со над 180 членови. Истотака имавме чест да учествуваат репрезентациите на неколку држави, со што беше и квалитетот на натпреварот на повисоко ниво од минатата година.

Изразувам  благодарност на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме  натпревар од ваков калибар, а воедно и најзаслужен за сите успеси на М.Т.Т.Ф и  за одличната организација  на истиот турнир, истотака благодарност до “Општината Охрид”  што несебично ни помогна да го организираме овај турнир, благодарност и до Агенцијата за млади спорт, која со признавањето на нашиот спорт, почна да ги вреднува нашите успеси и да ни помага. Истотака благодарност на сите  што помогнаа со учество на овај турнир родители, роднини, пријатели итн, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација, поранешен светски вицешампион Прага’96.

Овај натпревар го  организиравме по сите највисоки светски ИТФ  стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен  г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство  помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.

Читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци , направивме натпревар што ретко  некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме. Најтрофеен клуб од Македонија беше домаќинот                                                      Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид,                                              осовјувајќи 2 пехари за најдобри поединци, 5 златни, 11 сребрени и 7 бронзени медали.

За најдобари клубови  на натпреварот  беа избрани

1 место:   Фолкан , Благоевград ,Бугарија

2 место:   Тајгер тим , Перник ,Бугарија

3 место:   Василена , Перник ,Бугарија