Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид за прв пат организира богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и најмладите гости кои летуваат во нашиот град.
На различни локации на отворено, почнувајќи од 21-ви јуни 2024 година, секој петок се до 6-ти октомври 2024 година – Неделата на детето, ќе се реализираат низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 години, под мотото „Културата расте со децата“.
Ќе бидат изведени бројни детски театарски претстави, ќе бидат организирани сликарска школа, танцов фестивал, книжевни средби, кино проекции, детски музички настани и други активности за најмладите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Повеќе за програмата може да прочитате на следниот линк: