АктуелноОхрид

Водата во Охридското Езеро е од највисок квалитет

„Водата во Охридското Езеро е од највисок квалитет, односно од прва класа од сите примероци што се земени, микробиолошки квалитетот е одличен“, вели Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.

Ова го покажуваат анализите кои ги направи Центарот за јавно здравје од Охрид, откако зеде примероци на вода од 39 локации од целото крајбрежје. Тоа значи дека на почетокот на туристичката сезона, туристите и локалните жители, без грижа ќе можат да се капат во езерото. Но, искуствата од минатите години покажуваат дека нештата можат да се променат со зголемувањето на бројот на капачи во месеците јули и август, објави mk.voanews.com.

„Употребата на колекторскиот систем, чести дефекти, прелевање на шахти, ова е појава која ја имаме и во текот на годината, но бидејќи немаме големо оптеретување со луѓе кои доаѓаат и ги користат водоводните и пумпните станици, тогаш имаме помало загадување, но во јули и август очекуваме да имаме полош квалитет“, додава Точков.

Главен проблем за ваквата состојба останува недоизградениот колекторски систем, во одредени делови од езерото. Дополнително, станува збор и за неконтролираната урбанизација, како и нерешениот проблем со неколкуте реки, кои се вливаат во езерото, а кои според Центарот за јавно здравје се негови потенцијални загадувачи. Ваквата состојба го менува составот и на езерото.

извор:mk.voanews.com