АктуелноОхрид

Завршен настан за оваа учебна – ПРОЕКТ “Штафетни игри – Детска Атлетика”

Денеска присуствував на завршниот настан за оваа учебна 2023/24 година, ПРОЕКТОТ “Штафетни игри – Детска Атлетика” реализиран од Сојуз за училишен спорт-Охрид со поддршка на Општина Охрид – Сектор Спорт, Млади и Нво.
И во иднина ќе продолжиме да им овозможуваме сите проекти да бидат успешно реализирани.
Учениците од II и III одделение од сите Основни училишта покажаа одлични перформанси и борбен спортски дух па затоа сите на крај беа наградени со медали. На сите дечиња пред се им посакуваме да имаат убав летен распуст исполнет со многу дружба, игри, смеа, спомени, забава и се надеваме дека многу од нив ќе продолжат да се занимаваат со некој Спорт и ќе продолжат да бидат активни, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков