Наш ИзборНаш изборОхрид

Случена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило и мотоцикл на пресекот од „Железничка“ и „Абас Емин“

На 10.06.2024 во 11.55 часот, на пресекот од улиците „Железничка“ со „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (70) години  и мотоцикл „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (21)година , двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот  и неговата сопатничка  лице на (61)година  од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.