АктуелноОхрид

Пензионерското КУД „Далги“ одличен презентер на охридските старпградски ора

Културно уметничкото друштво „Далги“ при Здружението на пензионеритеод Охрид на 8 јуни 2024 учествуваше на престижната републичка пензионерска ревија на музика , песна и ора.

Ревијата се одржа во Домот на АРМ во Скопје со учество на 26 здруженија на пензионерите од Македонија.

КУД „Далги“ на ревијата ги изведе охридските староградски ора „Деветорката“ -женско оро,„Чамчето“ -машко оро и „Ѓеврекот“ старо мешано оро. Со одличната изведба и презентација на оригиналниот охридски фолклор и традиции, предизвикаа голем интерес кај присутните во преполната сала, кои ги наградија со долготраен аплауз и извикување „браво охриѓани“.

Браво за охридските пензионери за негувањето на нашата убава и богата фолклорна традиција.

 

Комисија за информирање при ЗП Охрид