вторник, ноември 26, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Лице од Холандија се повредило во Охридското езеро

Државјанин од Холандија денеска околу 12 часот се повредил во водите на Охридското Езеро.

Од ЦУК информираат дека преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 е добиена пријава за повредено лице кое со кајче е пренесено до пристаништето во Охрид.

Повреденото лице од Холандија кое удрило во камен во Охридско езеро е превземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и истото е пренесено во Општа болница во Охрид на одделот за хирургија.

Како удрил и како се повредил ќе се дознае по истрагата, поточно, како што велат од ЦУК, кога ке биде комуникативно лицето.