„Охридски писатели за деца и младинци“ е најновата книга на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски што деновиве излезе од печат во издаваштво на Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пѐцаков.
Овој труд е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ во чии рамки претходно локалната власт издаде девет трудови од горе споменатите автори.
Промоцијата на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“ е закажана за понеделник (10. 06 2024 г.) во 11ч. во големата сала на Општина Охрид, а промотор ќе биде м-р Ирена Бачиќ.