Леарницата за обоени метали ЛТХ Леарница, е компанијата од Охрид со најголема добивка за минатата година од овој град. Овој бизнис од Словенија соработува со останатите странски инвеститори во земјата кои работат за автомобилската индустрија, објави faktor.mk.
По ЛТХ Леарница, на второто место во „македонскиот бисер“ е АСП-ПАК за производство на пластична амбалажа. Компанијата е во сопственост на Петар Спасески, а пред неколку години со Владата потпиша договор за државна помош за инвестициски циклус за пет години во вредност од над пет милиони евра.
Високата цена по метар квадратен на новоизградените станови во Охрид не е случајна. На трето место е „Трим“, која наедно е една од најуспешните компании за изградба на станови по остварена добивка за минатата година на ниво на Македонија. Сопствениците сепак се стружани – Бурбуќе Ќира Хетеми и Менди Ќура. Ова друштво има 31 вработен и во своите инвестиции се потпира на банкарски кредити со финансиски обврски од 9,5 милиони евра.
Текстот во целост на:faktor.mk