Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (58) години од Република Бугарија и лице на (41) година од Охрид.
Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, едното и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои имало жртви.
Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што едното лице одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на другото лице. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари.