Наш ИзборНаш изборОхрид

ЈП “Билјанини Извори” има потпишано меморандум за соработка со ОСУ “Св. Кирил и Методиј” – Охрид со кој учениците се обврзани да обавуваат практична настава во јавното претпријатие

ЈП “Билјанини Извори” веќе неколку години наназад има потпишано меморандум за соработка со ОСУ “Св. Кирил и Методиј” – Охрид со кој учениците се обврзани да обавуваат практична настава во јавното претпријатие. На таков начин тие стекнуваат знаење и професионални вештини во делот на сметководството, правото, човечките ресурси, набавки и маркетинг. Како дел од нашата заложба е учениците не само да се стекнуваат со нови практики туку и  истите да ги применуваат. Во таа насока на ден 04 Јуни во 09.00 часот организираме спортски настан, на кој  самите ученици ќе бидат главни организатори..
ЈП “Билјанини Извори” изразува голема благодарност до координаторот проф. Горан Попоски и проф. Гордана Бешироска, Маја Цветанова и проф. Димитар Вејланоски.
Како инизијатори и креатори на овој проект, а ментори за извршената пракса, се нашите колеги мр. Весна Балазоска Милошевиќ и Тони Илијоски.
Ја известуваме јавноста дека настанот е предвиден да се организира на отвореното игралиште во склоп на ОСУ “Св. Кирил и Методиј”. Носители на настанот се учениците од трета година а на настанот имаат право да учествуваат сите ученици од ова училиште. Учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат во четири дисциплини: баскет, одбојка, пикадо и тргање на јаже. Пред официјалниот почеток проф. Марија Пауновска ќе ги загрее сите учесници.
По овој повод ги покануваме сите охриѓани, идните средношколци и родители да дојдат и да се дружат со нас.