По повод големиот успех кој го оствари тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на меѓународниот натпревар по роботика Балкан Јуниор 2024 година каде го освои првото место, на ден 29.05.2024 година беше остварен прием кај градоначалникот на Општина Охрид, г-нот Кирил Пецаков и раководителот на секторот образование г-нот Димитар Спасески. На овој прием присуствуваа учениците Кристијан Толески и Горазд Јованоски, професорите Владо Јанкулоски, Сања Јованоска, Љупчо Балески и Тоде Дукоски, советникот во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска Николоска, како и директорот на нашиот Центар, професорот Сашо Недески.
На оваа средба, учениците ги искажаа своите впечатоци од самиот натпревар, а го запознаа градоначалникот со карактеристиките и учесниците на овој натпревар како и неговиот тек. Беше истакнато значењето на овој натпревар како уште еден начин за промоција на нашиот град и држава. Беа истакнати позитивните искуства кои нашиот Центар ги има здобиено како резултат на учествата на овие натпревари кои придонесуваат кон развојот и унапредувањето на стручното образование.
Во оваа прилика ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ искажува голема благодарност кон градоначалникот г-нот Кирил Пецаков и локалната самоуправа на општина Охрид за подршката која ја даваат при спроведувањето на активностите поврзани со нашето учество на овој престижен меѓународен натпревар.