АктуелноОхрид

Осумгодишно девојче од Охрид со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција

По неколкучасовен лет осумгодишно девојче од Охрид со дијагноза на напредна сколиоза успешно е пренесено во Спинален центар Истанбул со медикоптерот од ГОБ 8ми Септември.
Девојчето било лекувано во нашите здравствени институции, но по консултации на лекарите одлучено е понатамошниот третман да биде во Турција каде ќе му биде извршен оперативен зафат. По четиричасовната операција ќе следува третман на рехабилитација кој ќе трае две недели до еден месец, објави Канал 5.

– Заради тоа што пациентката е да кажеме во неподвижна состојба, транспортот е овозможен во лежачка положба е транспортирана заедно со еден родител, дека сепак е малолетно лице. Безбедно се пристигнати во медицинската установа каде што ќе треба да се спроведе хируршка интервенција,- – Христијан Костов -директор на ГОБ 8 Септември.

Д-р Костов потсетува дека транспортот за пациентите кои имаат ваква потреба е бесплатен и тој му следува на секој осигуреник во Македонија. Според протоколот потребно е да се испрати Барање за користење на медикоптерот до ЦУК на телефонскиот број 112.

Текстот во целост на: Канал 5.