сабота, ноември 23, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

СВР Охрид: Граѓаните кои поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки од од 15.03 до 14.05 можат да си ги подигнат

Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги информира граѓаните кои во периодот од 15.03 до 14.05.2024 година, поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Тоа, можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.
Отсекот за управни работи при СВР Охрид, секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел, забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните.