Жителите од Трпејца создадоја депонија на брегот од Охридското Езеро. Имено, се што им е вишок, тие наместо во садови за отпад, го депонираат на самиот брег и тоа на крајно непристапен предел – место каде што неможе да помине механизацијата на ЈП Охридски комуналец.
Депонијата може да се види само доколку се поминува со пловен објект, па така, ова можат за го забележат најмногу туристите.