Делото на светите браќа Кирил и Методиј ќе продолжи да живее не само овде покрај Охридското Езеро, туку и насекаде во Македонија, затоа што Охрид има младина и успешни ученици кои цврсто чекорат на патот на знаењето и нижат големи образовни успеси.
Упатувам срдечни честитки до сите наградени ученици, кои со својата посветеност постигнале извонредни резултати. Вие сте доказ дека преку вложен труд, секој сон може да стане реалност. Вашите успеси се гордост за сите нас и пример за вашите врсници. Ви посакувам да продолжите да бидете истрајни и посветени и во понатамошното образование.
Уште еднаш нека е честит денешниот празник, нека е вечно името и делото на Свети Кирил и Методиј, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.