АктуелноОхрид

При преглед на автомобил на регионален пат Охрид-Струга полицијата пронашла предмети со траги од кокаин и хероин

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патнички автомобил „опел астра“ на регионален пат Охрид-Струга, во кој пријавениот бил со лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со траги од кокаин и хероин.

Извор: СВР Охрид