Младите охриѓани на возраст од 15 до 29 години ќе можат да земат учество на Конкурсот за избор на идејно решение за изработка на лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.
Целта на логото е со низа на културни и спортски настани да се одбележи јубилејот 80 години слободен Охрид.
Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири – комисија.
Сите знаедно под плаво белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.
По повод големиот јубилеј, Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7.11.2024 година на самиот роденден на Охрид.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање, може да добиете на линкот во прилог, пишува градоначалникот Пецаков.
повеќе на ЛИНКОТ