АктуелноОхрид

Кривична пријава за три лица кои претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми нуделе градежни материјали по поевтини цени

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Скопје и 33 и 37 годишни лица од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“. Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.

Извор: СВР Охрид