АктуелноОхрид

ЈП Охридски Комуналец: И покрај сите наши акции и заложби за чист град, деструктивниот однос на поединци остава последици на секој чекор

Никако да се искоренат лошите навики од создавање мини-депонии во секоја урбана заедница
📍Денес се интервенира на одредена црна точка, се подигнува несоодветно депонираниот расфрлан отпад, а веќе следниот ден, како да сме должни да ја гледаме истата слика од истата локација
📍Изминатиов период, нашите служби се соочуваа со горлив проблем на ул.Аџи Мустафа, каде континуирано секојдневно се создава нова мини-депонија
📍Апелираме да се почитува динамиката на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад согласно годишниот календар за 2024 година, а за сите информации околу депонирање на отпадот да се јават на дежурниот телефон 📞 075 495 428