петок, ноември 15, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) СОСУ,,Св.Кирил и Методиј ”-Oхрид освои второ место на образовно рандеву во организација на МАССУМ со филм за врсничко насилство

Краткометражен филм со кој што училиште СОСУ,,Св.Кирил и Методиј ”-Oхрид освои второ место на образовно рандеву во организација на МАССУМ(Младинска Асоција на Средните Стручни училишта во Македонија),во конкуренција на 32 стручни училишта од Македонија.

Темата на филмот беше врсничко насилство,доста актуелна тема со која што сакаме да ја подигнеме свеста кај учениците но исто така и кај родителите и наставниците за се поголемата застапеност на булингот во училиштата.Врсничкото насилство е сериозен проблем,затоа што може да остави последици врз менталното здравје на учениците.Тие може да се чувствуваат депресивно,луто,со прекумерен стрес,беспомошно а траумата во најлош случај може да доведе до самоубиство или таканаречен булицид, велат авторите.

Она што е многу битно е да се зајакнат капацитетите како на настравниот кадар за препознавање на насилство така и на психо-педагошките служби за интервенција.Но, уште побнитно е да се зајакнат капацитетите кај децата до го препознаваат и пријавуваат насилството,но и кај родителите да можат да го препознаат и реагираат кон своите деца но и кон службите кои стојат на располагање.

Филмот го изработи ментор педагог Андријана Паскали,заедно со учениците:
-Ивана Котеска
-Стефанија Битолкоска
-Марио Јованоски
-Андреј Пуфтовски
-Кристијан Танески
-Матеј Илоски
-Ана Мари Коцевска

извор: СОСУ,,Св.Кирил и Методиј”- Oхрид.