петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Отворен ден на ФТУ – Заедничка соработка на УКЛО, компаниите и локалната

Под мотото „УКЛО и пријателите-повеќе од образование“ на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржува Отворен ден, како можност за размена на знаења и искуства, но и можности кои ги нудат факултетите во рамки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и на присутните компании партнери.

Традиционално на овие отворени денови имаме присуство на компании, на нашите студенти, професори, дискутираме за проблемите, а присутни се и претавници од Општина Охрид, рече ректорот на Универзитетот „Св, Климент Охридски“ во Битола, Игор Неделковски, потенцирајќи дека во таа насока е и одбрана денешената тема.

Ако земеме во предвид дека повеќе од 70% во создавањето на бруто-домашниот производ учествуваат услужните дејности, тогаш со право можеме да кажеме дека кадарот кој произлегува од нашиот Факултет наоѓа вработување во услужните дејности, истакна деканката на ФТУ Охрид Снежана Дичевска посочувајќи дека факултетот има повеќе од 54 годинишно искуство.
Присутни се компании од индустријата, финснискиот сектор, осигурителните компании, банки, хотели, мотели, винарии, туристички агенции…, значи на едно место ќе може да се запознаат и со студиските програми кои се нудат на секој факултет на Универзитетот и со можноста за реализација на практична настава, па можеби и да се пронајдат и да започнат да ја развиваат својата кариера, додаде Дичевска.

Поврзаноста на Универзитетот и Општина Охрид е врската која секогаш треба да ја негува секоја локална самоуправа, бидејќи главниот добробит ќе биде користа на студентите односно користа на самите професори, но и на заедницата, рече заменик градоначалникот Перчо Божиновски.