петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Охридската оперска дива Миланка Новеска со свој настап во Конзерваториумот Санта Сесилија во Рим

Чест е да се пее во една од врвните институции за класична музика.
Конзерваториумот Санта Сесилија во Рим датира од 1585 година и е една од најстарите музички институции во светот.

Конзерваториумот врши професионална музичка обука и зачувува исклучително богато историско наследство, со што ја одразува сопствената повеќевековна историја.
Многу ми е чест да добијам соба за загревање со два органи и прекрасен поглед, напиша Миланка на својот ФБ профил.