Наш ИзборНаш изборОхрид

Акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.1 Стар Град -петок

Од 10.05.2024 год.(петок), започнуваме со реализирање на Календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид
ℹ️ Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 10.05.2024 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град
📞Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.05.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот
‼️ Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.