АктуелноОхрид

Јаулески: Струга денес е центарот на Македонија и христијанството!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!
♥️ Му благодарам на Бога што ме удостои со оваа чест!

☝️Со украсените епитафи, локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски Манастир Св. Јован Крстител, манастирите Рајчица и Пречиста, традиционалните торжества, со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, тргнавме од храмот посветен на светителот и поминавме низ струшките улици со што го осветивме градот.
📍Струга денес е центарот на Македонија и христијанството!
Нека е за многу години!
Господ да ја чува Струга и Република Македонија, напиша во својата објава пратеникот Јован Јаулески.