АктуелноОхрид

(ФОТО) 7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, СВР Охрид, денеска го одбележа со пригодна свеченост

7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, СВР Охрид, денеска го одбележа со пригодна свеченост на која, присуствуваа активни и пензионирани полициски службеници, претставници од Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија – Огранок Охрид, од Армијата на Република Македонија, од локалната самоуправа и од други институции со кои, СВР Охрид има постојана соработка.

-7 Мај е ден на полициските службеници-заштитници на нашата заедница, всушност на современи херои кои, кои деноноќно, ризикувајќи ги своите животи, ја штитат заедницата во која живееме и ја прават подобро и побезбедно место за живеење за сите наши граѓани. Во борбата со криминалот, вие несебично вршите благородна работа, во сложени околности и често опасни ситуации – за да ги заштитите граѓаните и да ја зголемите нивната безбедноста и да ја направите заедницата посигурна, истакна во својот поздравен говор, заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски.


Честитајќи им го празникот на сите полициски службеници, Божиноски нагласи дека, времето во кое живееме е „обременето со многу безбедносни предизвици и затоа, насушна потреба е вашето постојано усовршување, градење на вашите капацитете- лични и професионални но и институционални и усовршување на вашето знаење и познавање на безбедносната проблематика“.


-Во постојаната пресметка со криминалот, целта на СВР Охрид е пронаоѓање на стотителите на кривичните дела и зголемување на ефикасноста во работата. Оттука, во текот на 2023 година, бележиме намалување од 19% на вкупно регистрирани кривични дела на ниво на СВР-Охрид, а ефикасноста во расветлување на НН дела во 2023 е зголемена и изнесува 46%. Во првото тромесечие на 2024 година, на подрачје на Охрид се бележи намалување на вкупно регистрирани кривични дела од 13.5% , во делот на јавниот ред и мир, регистрирани се вкупно 188 прекршоци, за што се поднесени 182 барања за поведување на прекршочна постапка против 262 лица и намален е бројот на сообраќајни незгоди на подрачје на СВР-Охрид за 4% и на сообраќајни незгоди со телесни повреди за 9%, потенцира Игор Смилески, началник на СВР Охрид.


Во своето обраќање, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кажа дека безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна и поволна за што зборуваат не само претходните податоци туку и фактот дека, СВР Охрид нагласено делува и превентивно преку отсекот за превенција кој, во текот на ланската 2023, реализирал вкупно 111 активности на целото подрачје. Димоски рече дека СВР Охрид е ефикасна полициска организација која, гордо им служи на граѓаните и дека е целосно транспарентна кон граѓаните и институциите.
-Транспарентноста е стратегиска определба на СВР Охрид и обврска кон граѓаните. Тоа е форма за градење партнерство со граѓаните и современа алатка за градење меѓусебна доверба, изјави Димоски.


Инаку, 7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, денеска во охридската касарна го одбележа и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија – Огранок Охрид каде, за улогата и значењето на полицијата, зборување претседателот на здружението, Добре Велјаноски.