Наш ИзборНаш изборОхрид

Во текот на претстојната ноќ и утре нов поголем влажен бран од југ ни носи нови пообилни врнежи од дожд

По денешниот претежно стабилен и сув ден, во текот на претстојната ноќ и утре територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов поголем влажен воздушен бран од југ, и истиот ќе услови нови пообилни врнежи од дожд на повеќе места низ Македонија. Провејување на снег ќе има само на највисоките планински места.

Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).  Особено Долж Повардарието повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, максималните дневни денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, а утре тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 17 степени, додека утре таа ќе биде нешто пониска и ќе се искачи до околу 14 степени, стои во најновиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk