недела, ноември 24, 2024
МагазинНаш изборНаш Избор

(ФОТО) Пар со години се борел со неплодност, сега добија тројка и преголема надеж и среќа

Кристи и Рајан Бек ја споделуваат својата приказна за да пренесат дека чуда навистина се случуваат и да им дадат надеж на сите кои го минуваат нивниот пат.

Брачните партнери две години неуспешно се обидувале да зачнат дете пред да одлучат да побараат лекарска помош.

„Секој месец, цели две години, се обидувавме да забременам… немавме среќа. По години поминати во обиди да зачнам природно, побаравме помош од специјалист за плодност. Ми рекоа дека имам многу мал број на јајце-клетки, па започнав со лекарства за да пробаме интраутерина инсеминација. Беше неуспешно. Продолживме да се обидуваме, но немавме среќа. Решивме да пробаме инвитро и пак немавме среќа“.

„Бевме скршени. Мислевме дека не ни е судено да бидеме родители иако очајно го посакувавме тоа“ – пишува Кристи.

Парот одредено време се откажал од скапите лекарски процедури и одлучил да се обиде да си го оствари сонот со посвојување. Но, по еден месец, одлучиле да пробаат да зачнат уште еднаш.

Докторите им рекле дека имаат уште еден последен обид за биолошки деца и 7% шанса инвитрото да биде успешно. Две оплодени јајце-клетки биле трансферирани во матката на Кристи и двете успешно се имплантирале. На првиот преглед, на Кристи и Рајан им било кажано дека ќе имаат близнаци, додека на следниот, тие ја добиле веста дека ќе имаат три бебиња.

Доктор ѝ препорачал на Кристи да го абортира едното бебе за да се намали ризикот, но таа одлучи да ги роди сите три бебиња.

Двете девојчиња и едното момче биле родени во 32-рата гестациска недела и првите недели од животот ги поминаа во болница.

Денес, тие се здрави дечиња кои одлично напредуваат. Кристи постојано споделува фотографии и видеа од својот живот за да покаже како изгледаат деновите со тројка.

 

femina.mk