Наш ИзборНаш изборОхрид

Четирицикл излетал од патот кај месноста „Зајашки рид“ атар на село Зајас , кичевско

На 09.04.2024 околу 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во месноста „Зајашки рид“, атар на кичевското село Зајас, четирицикл што го управувала Љ.С., а на кој се превезувал А.С.(30), двајцата од истото село, излетал од патот.

Притоа, Љ.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево.