петок, ноември 22, 2024
МакедонијаНаш изборНаш Избор

11 од повредените македонски државјани во несреќата во Италија се пуштени дома

11 од 12-те повредени македонски патници во сообраќајната несреќа што вчера се случи во Италија се здобиле со лесни повреди и по укажаната соодветна лекарска помош во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто истите се пуштени дома во добра здравствена состојба, информираа од Министерството за надворешни работи (МНР).

„Во врска со вчерашната сообраќајка во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека 12-от патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција по добиените повреди во нозете и рацете. Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“, соопштија од МНР.

Возачот на автобусот пак, македонски државјанин роден 1965 година загина вчера во сообраќајната несреќа во Италија.