недела, ноември 24, 2024
Свет

Почина најстариот Јапонец, Гисабуро Сонобе

Јапонецот Гисабуро Сонобе, кој беше познат како најстар човек во оваа земја, почина кон крајот на март во 112 година од животот, пренесува Анадолу.

Како што јави јапонската државна агенција Кјодо, Сонобе, роден на 6 ноември 1911 година, починал во префектурата Чиба, источно од главниот град Токио.

Општината Татејама, во која живеел Сонобе, не ги објави точниот датум и причината за смртта на старецот, на барање на неговото семејство.

Откако во ноември 2022 година во Хирошима почина Накамура Шигеки во 111 година од животот, Сонобе ја доби титулата „најстар човек во Јапонија“.

За смртта на Сонобе се дозна откако во средата е објавен податокот дека во Венецуела починал Хуан Перез Мора, најстариот човек на светот на возраст од 114 години.

Извор:Анадолу.

фото:Анадолу.