петок, ноември 22, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Лазареска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени

Прес- конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола.

Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.

Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини.

Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место.

Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.

Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.

Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството.

Младите од Југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа.

За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ.