сабота, ноември 16, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

ОО СДСМ: Никако да сфатат ДПМНЕ дека не се игра си факти

Паника во ВМРО ДПМНЕ!
ВМРО ДПМНЕ единствено што умее е да даде насоки на своето членство да биде постојано подготвено за да пишува невистини, закани и навреди на соопштенијата од СДСМ. Бидејќи ВМРО ДПМНЕ се плаши од вистинита која ја дознава народот и тоа им создава паника, се вели во соопштението од ОО СДСМ.

Во продолжение истото го пренесуваме во целост:

Апелираме до членството на ВМРО ДПМНЕ да се воздржи од навреди, клевети и закани кои ги искажува по насоки на шпицните водачи,  бидејќи истите дејствија се казниви согласно Закон, за што постапуваат надлежните институции во Македонија.

Почитувани, најпрво би сакале да им се извинеме на сите вклучени во образовниот процес во Охрид, што охридското ДПМНЕ со амин на Мицкоски одлучи врз нивни грб да изнесува невистини, наместо да ја прифати вината и да им се извини и на учениците и на наставниците што не им овозможува пристојни и безбедни услови за учење и работа.

Никако да сфатат ДПМНЕ дека не се игра си факти.
Да им ја освежиме меморијата ним, а не на наставниците и учениците, бидејќи тие паметат и добро знаат кога почна градежната експанзија во охридските училишта, како се опремуваа кабинети по природни науки, како се менуваше насекаде кров, дограма, под, се реновираа тоалети, видно се работеше како никогаш до тогаш.

Без грам срам и доблест зборувате за ЕМУЦ -училиштето кое својот лик го доби во времето на Градоначалникот Георгиески, училиштето кое во ваков центар прерасна благодарение на дуалното образование поддржано од МОН и Владата на СДСМ.

Без отсуство на признание зборувате за Угостителското училиште кое доби нов ултра модерен лик и е водечко училиште во својата област во регионот. Раководниот кадар на училиштето не ги остави учениците секој ден да бидат во опасност и да се молат безбедно да стигнат во училница.
А вашите партиски полтрони со титули наместо да кружат околу училиштето за да можат да измислуваат работи после, нека бидат доблесни пред сопствените колеги и благодарни што години уназад својата плата токму таму ја заработуваа.

Без ни малку совест зборувате за економското училиште во кое ве пречека сменета дограма, нова столарија и подготвен тендер за фасадата. Убаво го дотеравте дворот и тоа е за пофалба.

Но, доблесните знаат да пофалат. Оние на кои важно им е доброто на учениците и кои се конструктивни во секој домен, а не деструктивни како политиките на вашиот гуру.

Работете вие на измолување гласови бидејќи ви е вжештено столчето очигледно, а ние ќе отвораме реновирани училишта и нови градинки и ќе ве каниме на отворање, со задоволство.

извор: ОО СДСМ