Наш изборНаш ИзборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Откако СДС укина паралелка во Гимназијата сега покажува лицемерна загриженост

Откако СДС укина паралелка во Гимназијата сега покажува лицемерна загриженост
СДС, очајни сте, затоа што охриѓани во неделата јасно ви порачаа дека следуваат промени и на централно ниво, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Не можејќи да се помирите со вашата неспособност и неработење, единствен излез барате во манимулации и ширење невистини меѓу охриѓани.
Замислете, вие, кои за 4 години локална власт не мрднавте со прст за Гимназијата, вие кои за 8 години централна власт шајка не заковавте, сега се дрзнавте да коментирате за градежните зафати и целосната реконструкција на училиштето.
Ја уништивте Гимназијата и сега уште имате лице да коментирате, па кажете што направивте за истата?
Има ли поголема небезбедност и страв за вработените, за кои сте вие главни виновници, од тоа што укинавте една паралелка во Гимназијата?
Лицемерни сте, затоа што го запустивте Угостителското и го претворивте во партиски штаб, без нималку совест ги оставивте учениците цела година да учат онлајн, а вработените да мрзнат во една просторија.
ВМРО-ДПМНЕ започна, и има да ја заврши целосната реконструкција на гимназиската зграда, како со училишниот двор и негово партерно уредување, потоа со внатрешни ѕидови, кров, под и столарија, како и со промена на електричната инсталација.
Создавањето услови за подобар воспитно-образовен процес и грижа за сите се наша обврска затоа што ја добивме довербата од охриѓани и никогаш нема да ги изневериме.
Колку се грижите за сопствениот двор и обврските на институциите со кои раководите ќе ве потсетуваме, а вие најдобро е уште сега да се скриете некаде, зашто жив срам ќе ве изеде од вашата неспособност и хаосот кој го оставивте.
Гледајте и учите како се работи!
Охрид се сака со дела, а не со деструкција!

Извор: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид