сабота, ноември 16, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Спортски ден за учениците во основните училишта по повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров

По повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, ОУ „Живко Чинго“ и Сојуз за училишен спорт – Охрид организираа спортски ден за учениците во основните училишта во Општина Охрид.
Мене ми припадна честа да ги доделам наградите за најуспешните од денешниот спортски ден. Натпревари се одржаа во дисциплина фудбал, баскет, шах и пинг понг.
Уште еднаш им честитам на сите учесници и организаторите и ветувам дека Општина Охрид постојано ќе им биде поддршка и ветар во грб во организацијата на вакви манифестации, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.