АктуелноОхрид

Спортски ден за учениците во основните училишта во Охрид По повод 143 години од раѓањето наТодор Александров

По повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, ОУ „Живко Чинго“ и Сојуз за училишен спорт – Охрид организираа спортски ден за учениците во основните училишта во Општина Охрид.
Мене ми припадна честа да ги доделам наградите за најуспешните од денешниот спортски ден. Натпревари се одржаа во дисџиплина фудбал, баскет, шах и пинг понг.
Уште еднаш им честитам на сите учесници о организаторите и ветувам дека Општина Охрид постојано ќе им биде поддршка и ветар во грб во организацијата на вакви манифестации, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков