АктуелноОхрид

Гимназијалците дел од проектот „Превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади“ на невладината организација „Жртва“

Ученици од Охридската Гимназија, од втора и трета година се вклучија во проектот „Превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади“ на невладината организација „Жртва“ и Европскиот Универзитет поддржан од UNDP, чија цел е зајакнување на капацитети за сузбивање и превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади од општина Охрид.
Проектот опфаќа неколку фази: теоретски работилници за превенција од насилство во Хотел „Су“ Охрид , работилница во Скопје со посета на национален координатор и невладина организација специјализирана за областа.

Активностите за спречување на врсничкото насилство и реализација на активности за превенција и спречување со сите видови насилство ќе се заокружат со неколку полудневни културно – забавни теренски активности низ Охрид како „Охрид – Потрага“, „Безбедност, доверба и комуникација -Спасувачка штафета“, „Решавање на воден конфликт“, „Камп за тимски предизвик“, „Решавање проблеми“, „Рефлектирај и прослави“. Потоа, во септември ќе следува завршен, свечен настан со доделување на сертификати.

Воспоставување на институционална соработка со училиштата и останатите општествени чинители е неопходна за продлабочување на заедничките заложби во броба против насилен екстремизам и радикализација на млади лица.