недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Во Битола и Охрид се одржа 12. Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2024“

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола денеска е домаќин на учесниците на 12. Меѓународна научна конференција „Охрид – Водици 2024“  организирана од Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјална организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан,  Универзитетот ,,Аднан Мендерес“ од Ајдин, Турција, како и списанието Журнал за глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.На конференцијата, која се одржува хибридно, ќе бидат презентирани 40-тина трудови од 58 учесници од 11 држави, фокусирани на темата: „Промоција на „меката моќ“ (Soft power) културата, културното наследство, животната средина, туризмот или друга човечка димензија за одржлив и меѓукултурен развој“.Проф. д-р Рубин Земон, директор на Центарот за напредни истражувања, вели дека денеска од Битола, а утре од Охрид, учесниците на настанот ќе пратат силна порака дека во ова време, во кое сме сведоци на разорната воена моќ, треба да и се даде простор на т.н. мека моќ, на културата, на меѓукултурниот развој.-Североисточно и југоисточно од нас се случуваат тешки воени судири, тоа е т.н.тешка, милитантна, воена моќ.  Ние сакаме да ја промовираме меката моќ, бидејќи таа во глобалниот пазар  дава прогрес, размена на културите, идеите и т.н. сакаме преку Конфренцијата да пратиме порака дека во овие тешки времиња треба да завладее дипломатијата, културното наследство да се промовира, да се промовира добра животна средина. сакаме да пратиме порака дека треба постратешки, посистематски да ја застаниме кон оваа проблематика, рече проф. д-р Рубин Земон.Проф. д-р Салваторе Констанца од Универзитетот во Атина, Грција, по потекло од Сицилија, Италија, на одличен македонски јазик ја поздрави организацијата на Конференцијата, и нагласи: „Културата е премногу важна и за меѓународниот мир, дијалог и кооперација. Пелагонискиот регион, Битола, Лерин – Флорина и Прилеп, е мост меѓу Грција и Северна Македонија, а Охрид е мост со Албанија. Тоа е стратегиски регион за меѓународна кооперација во Западен Балкан“.-Со отворањето на нашите врати само се потврдува дека УКЛО е отворен и постојано расположен за партнерства и пријателства, изјави проректорката за студентски работи на Универзитетот, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска и додаде:-Со тоа ја потврдуваме и нашата мека моќ која секојдневно им ја даваме на нашите студенти. Впрочем во вакви услови, во кои сме свесни за секојдневните предизвици, за состојбите кои ги донесоа овие кризи, кои пред се однесуваат на идентитетски, религиозни и етнички прашања, свесни сме дека ние како академија мора да се наметнеме како онаа движечка сила за менување на размислувањата, за избегнување на тие културни разлики, туку воспоставување културна одржливост преку едукација, наука и образование.Конференцијата продолжува утре во Охрид во просториите на Македонската академија на науките и уметностите во “Куќата на Уранија“.

 

извор: bitolanews.mk