Општинската Организација на СДСМ од Охрид вечерва ќе има состанок на кој ќе заземе став околу најновите случувања кои ја разбрануваа јавноста, а се поврзани со политичките притисоци кои се вршени врз директорката на реномираната болница „Завод за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан “ во Охрид и познатата докторка Елена Коваческа Башуроска од страна на одредени центри на моќ.
Јавноста за состојбите во болницата дозна од како порталот „Плусинфо“ објави колумна на реномираниот новинар Бранко Героски во која тој ги обелодени своите сознанија за состојбите во охридско „Кардиолошко“ , по што охридската јавност ( пред се докторксата фела ) се крена на нозе, па десетици познати имиња од охридското здравство застанаа со јавна поддршка на директорката Елена Коваческа Башуроска и стотици граѓани синоќа, а и денес јавно даваат поддршка за директорката.
Се очекува по состанокот партијата официјално да излзезе со став пред јавноста.