Среќна сум што конечно некој се сети да го разреши саемскиот, самопрогласен, зелен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, „господинот“ Ljupco Janevski, напиша на својот ФБ профил пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
🤦♀️ До толку е суетен и самобендисан што првин го разрешиле, а потоа отишол да си даде оставка!
👏 Значи, со гордост кажувам дека разрешен е Љупчо Јаневски:
👉 Оној што не успеа да ги донесе измените на Законите за туристичка и угостителска дејност!
👉 Оној што не успеа да го смени моделот на субвенционирање на странскиот организиран туристички промет!
👉 Оној што не можеше да обезбеди солиден буџет за туризмот затоа што никој од владата (чиј коалиционен партнер е) не го есапеше!
👉 Оној што ништо не успеа, освен да се шета на државен трошок и само очекуваше, предвидуваше и ќе.
👉 Оној што никогаш не поддржуваше проекти за Охрид….
🔚 Пред нецела недела од говорница му кажав дека за брзо ќе дочекаме да ги тргне рацете од македонскиот туризам.
📩 Иако не очекував олку брзо да се оствари она што го кажав, сепак пресреќна сум и нема да бидам скромна ако кажам дека ова ми е најубавата новогодишна честитка, не за мене лично, туку за македонскиот туризам.
✅️ Убедена сум дека кој и да дојде после него, ќе биде подобро за туризмот.
🤷♀️ Саемски…Одамна требаше да имаш сфатено дека не те играат, ама тоа е твој проблем!
P.S: сигурно сум имала удел во одлуката за твое разрешување, ама па кармата е…
✅️ Како и да е:
🌞 Доаѓаат светли денови за македонскиот туризам!
📌 Среќна нова 2024 година, со најискрени желби никогаш да не се повторат вакви личности во македонскиот туризам!
Извор: ФБ Лидија Петкоска