На 26.12.2023 во 01.35 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 20 Годишно лице од Охрид затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид