Охрид

Колку „сдсмовци“ кои не „бација рака“ во ВМРО останаа во Охрид ? !

Трчање по предновогодишни прослави каде има некој од локалната власт во Охрид, користење прилика да се седна на маса со некој од „главните“ во ВМРО ДПМНЕ – Охрид , ако се има среќа и сликање со нив и разговарање за тоа дека СДСМ е одамна мртов, а сега станал „мрша“ која скапува , трули и смрди, па од неа не може да се дише – е главна активност речиси на целата постава кадри кои ба во СДСМ од т.н. „Шарена револуција“ па се до колапсот на партијата на последните локални избори.

Покрај трчањето по рестораните и кафетериите со надеж дека таму ќе се сретнат со главните експоненти на Локалната власт и партијата ВМРО ДПМНЕ, паралелно се трча и по „Охрид пред се“ и човекот кој во Охрид претставува своевино отелотворение на оваа иницијатива и отпорот на изворните социјалдемократи во Охрид и Дебрца, бизнисменот Јован Мирчески Пупе, каде ред се редат значајни и безначајни имиња од СДСМ Охрид.

Некои доставуваат информации што се случува во партијата, а некои бараат пристап кон новата партија која станува главна излезна врата за напуштање на „мршата“  на СДСМ и влез во „младото здраво тело“ на новата партија.

И додека сите трчаат да се спасат од „бродот што тоне“, зачудува, но се појавиле и некои кои тргнале во спротивен правец, па така локалното партиско и градско раководство, деновиве открило дека Владата од Скопје дала 10 000 евра за проект поврзан со „Рамковниот договор“ и селото Куратица. Парите ги добиле еден сопственик на „Плевна“ во селото Куратица и уште еден поранешен функционер на ВМРО ДПМНЕ. Во партијата проверуваат дали парите се дадени од глупавоста која ја краси власта во Скопје или пак се работи за поинаква ангажираност за која се плаќало.